Во Гевгелија и Демир Капија денеска измерени 43 степени, најсвежо во Крушево – 31

Од:

Во Гевгелија и Демир Капија денеска се измерени 43 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, Струмица и Штип е измерена температура од 41 степен, а во Битола и Тетово – 39 степени, велат метеоролозите. Во Охрид и Преспа се забележани 34, степени а најсвежо е во Крушево со 31 и Маврово со 30 степени.

УХМР предупредува дека продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности долж Повардарието ќе достигнуваат до 42 или 43 степени. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Утре се очекува највисока температура од 42 степена, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

Би можело да ве интересира

УХМР: Денеска до 43, од утре пороен дожд и грмежи

Топлотен бран во земјава, издадени предупредувања за заштита на населенеието

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло

Наредната недела нов топлотен бран со температури и над 40 степени

ВИДЕО: Екстремниот топлотен бран во Европа однесе 2300 животи

Катерина Ѓуровски

Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување

Катерина Ѓуровски