За два месеци поради горештините во Европа 32.000 починати повеќе од очекуваното

Од:

Во Европа се регистрирани над 32.000 смртни случаи повеќе од очекуваното во периодот меѓу средината на јуни и средината на август – лето обележано со исклучителни топлотни бранови – според привремените податоци од Европската платформа за следење на вишокот смртност (EuroMomo).

Платформата, чиј статистички модел вклучува официјални податоци од 23 европски земји, проценува дека најголем број смртни случаи се забележани во последната недела од јуни, кога се регистрирани речиси 16.000 смртни случаи над очекуваната бројка, додека околу 8.000 повеќе се забележани во првата недела од јули, пренесува „Фигаро“.

Најголем број жртви е регистриран во Германија, каде што до 9 август околу 14.000 луѓе починале како последица на екстремните горештини; ова е највисоката бројка откако Институтот „Роберт Кох“ почнал да спроведува ваков тип на проценки во 2016 година.

Најранливи биле граѓаните постари од 75 години.

Во Франција се регистрирани 7.300 смртни случаи повеќе од очекуваното за време на периодот на високи температури од крајот на мај до 22 јули, додека Шпанија забележала речиси 4.500 смртни случаи поврзани со горештините меѓу 1 јуни и 19 август – најмногу од 2022 година наваму.

Белгија пријавила 2.570 смртни случаи повеќе од очекуваното меѓу 18 јуни и 17 јули, Англија 2.877 за време на топлотните бранови во мај и јуни, Холандија 968 меѓу 22 јуни и 5 јули, Австрија 395 во јуни, а Португалија повеќе од 600 меѓу средината на јуни и крајот на јули.

Експертите предупредуваат дека вкупниот број на смртни случаи над очекуваното веројатно ќе се зголеми како што EuroMomo ќе ги ажурира своите проценки во наредните недели, вклучувајќи го и топлотниот бран што траеше од крајот на јули до средината на август.

Би можело да ве интересира

Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени

ВИДЕО: Зошто Европа се загрева двојно побрзо од остатокот на светот

Клима на 25 степени и ролетни долу: препораки за преживување на жешкиот бран

Пеколни 40 степени, топло ќе биде и ноќе

Катерина Ѓуровски

Продолжува топлотниот бран во земјава

Катерина Ѓуровски