Во гаража претепан Илија Тозија, ексдиректор во фирмите поврзани со Мијалков

Од:

Триесетиедногодишниот Илија Тозија, поранешен управител во фирмите поврзани со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, утринава околу 2,30 часот во МВР пријавил дека бил нападнат од три лица во неговата гаража. Напаѓачите носеле маски и со тврди предмети го удирале Тозија по телото.

Настанот го потврдуваат од МВР, не соопштуваат повеќе детали и велат дека работат на негово расчистување.

Тозија пред неколку месеци излезе од сите фирми поврзани со семејството Мијалкови.

Тој во јавноста е познат како добар пријател на синот на Мијалков, Јордан, но и на Александар Јовановски – Жути (на фотографијата се Јовановски, Тозија и Мијалков), чија новооснована фирма беше дел од аферата со тендерот за реагенси вреден 35 милиони евра што го распиша па повлече министерот за здравство Венко Филипче.

Тозија беше член на надзорниот одбор на Државна видеолотарија, а беше предложен и за член на надзорниот одбор на Стопанска банка АД Битола, по што се повлече поради лични причини.

Во 2015 година, по падот на власта на ВМРО-ДПМНЕ, а кога синовите на Мијалков ја отворија фирмата „Бест Веј Инвестмент“, Тозија беше назначен за управител на компанијата.

Минатата година, во јуни, со паричен влог од 500.000 евра, Тозија заедно со Владимир Бахчовановски заедно со уште две фирми, од кои едната е „Бест Веј“,  го отворија Друштвото за приредување на игри на среќа „МаксБет“ Доо Скопје.

Во август годинава, Тозија се повлекува од сопствеништвото на „МаксБет“, а еден месец претходно се повлекува и од „Бест Веј инвестмент“.

Во полициските кругови се шпекулира дека неговото повлекување се должи на извесни недоразбирања меѓу него и управувачките структури поврзани со фирмите на семејството Мијалкови.

Би можело да ве интересира

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Голема тепачка во Сарај: Во средно училиште се истепале две групи на мажи

Тројца затвореници од „Идризово“ претепаa 61-годишен осуденик

Горан Наумовски

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат