Во екот на коронавирусот продолжува кампањата против Заев

Од:

Политичките партии се согласија дека не е време за политичка кампања поради состојбата со коронавирусот, но на терен и натаму се оставаат и летоци по згради и автомобили. Во текот на денешниот ден, утрото и на пладне, очевидци тврдат дека млади лица го расфрлале материјалот на кој пишува „Праводубиец, мафија си има своја држава – Заев е виновен“.

Содржината на флаерите, на кои не пишува кој е нарачател или кој го изработил е слична со кампањата и слоганите кои ги употребува ВМРО-ДПМНЕ на своите прес-конференции. Обвинувања дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев е правоубиец, што е испишано и на флаерот, ги кажуваше и претседателот Христијан Мицкоски на последниот протест минатиот месец. Многу често од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ се употребува и слоганот „мафијата си има своја држава“, што исто така е испишано на летокот. Од друга страна, фотографијата со „Луј Витон“ чантата беше употребена на билборд на кој стеше дека нарачател е ВМРО-ДПМНЕ. Ова остава сомнеж дека флаерите се расфрлаат од активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и денес повтори дека здравјето на граѓаните за него и неговата партија е најважно. Тој рече дека не треба ПИ-АР и трка за политички поени и слава, туку носење итен пакет антикризни мерки за заштита на здравјето и бизнисот.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања