Мицкоски: Не треба ПИ-АР и трка за политички поени и слава, мора итен пакет антикризни мерки за заштита на здравјето и бизнисот

Од:

Состојбата со справувањето со коронавирусот од ден на ден се влошува, и бара максимално ангажирање на сите стручни и кадровски потенцијали но и посветеност од сите одговорни субјекти, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски.

Според него не е сега времето за меѓусебни пресметки или добивање на ситни политички поени.

-Вчера токму затоа предложивме антикризни мерки за заштита на здравјето и помош на бизнисот и ги ставивме на располагање нашите кадровски потенцијали. Морам да кажам дека сум разочаран што поминаа 24 часа и ниту еден, повторувам ниту еден владин претставник не пројави интерес за понудената помош и предложените мерки. Што значи дека само сопствената промоција е важна и дека не станува збор за грижа за заштита на граѓаните, туку исклучително само сопствената промоција.

Мора брзо да се дејствува, и за мене како човек, но и за ВМРО-ДПМНЕ како партија воопшто не е важно од каде и кој ги предлага мерките, важно е да се делува за заштита на граѓаните и помош во економијата.

Нашата комисија за здравство каде членуваат еминентни доктори е во постојано заседавање и ја следиме состојбата.

Многу посилни земји од нашата се одлучија на прогласување кризна состојба, а тоа е така зошто вистински ги проценуваат работите и ризиците.

Неопходно е и прогласување на кризна состојба и кај нас за да може да се преземат итни и неодложни мерки.

Предлагаме итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот за месец март.

Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.

Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот во висина од 50-тина проценти.

Во делот на здравјето на граѓаните.

Да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства.

Државата односно владата да обезбеди бесплатни маски и ракавици за граѓаните.
Формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други потреби во врска со оваа состојба.

Предупредувам дека очекуваме од владата да излезе со името на компанијата која што брутално го злоупотреби здравјето на граѓаните и беше профитерски настроена, наместо да се грижи за здравјето на граѓаните. Во спротивно ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе излеземе во јавноста со доказ.
Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус, освен здравствените работници, под ризик се и работниците во градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници, вработените во продавниците, новинарите, снимателите и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица.

Неопходно е редуцирање на работата на државната администрација,

Удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.

Овозможување на отворена 24 часа линија за консултации и прашања поврзани со вирусот. Оправдано владее паника и страв кај граѓаните.
Формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки.

Очекуваме брзо делување. Здравјето пред се и одговорно однесување за заштита и превенирање на последиците во деловното и бизнис работење. Секој поминат ден без мерки значи поголеми последици во бизнисот и повеќе што е најважно загрозени граѓани од корона вирусот.
Слоган смислија за пи-ар, ама мерки суштински нема. Бараме да се вразуми владата и да ја прифати подадената рака, и да ги донесе мерките кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, не затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги предлага, туку затоа што се нужни, неопходни и исклучително потребни.
Ова не смее да се претвори во трка слава и поени, мене тоа не ми треба, влогот е огромен, се работи за здравјето и опстојување на македонската економија.

Бараме сеопфатна акција и итна примена на предложените мерки. Продолжуваме континуирано да ја следиме состојбата, а нашите партиски тимови во делот на здравството и во делот на економијата ќе бидат во постојано заседавање и деновите кои што следат на дневна основа ќе ја информираме македонската јавност за предлозите кои што ќе ги презентираме и очекуваме конечно владата наместо да се грижи за промоција, да се грижи за интересите на државата и здравјето на граѓаните, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Мицкоски: Власта спрема сценарија за изигрување на изборната волја на народот, најефикасен одговор за нивната завера е масовно гласање

Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал