ВМРО-ДПМНЕ: Уништувањето на билбордите е доказ за паниката и стравот од пораз во СДСМ

Од:

„Уништувањето на билбордите е доказ за нервозата и паниката која владее во СДСМ. Причината за демолирањето на билбордите кои ја говорат вистината за Зоран Заев е стравот во владејачката партија од соочување со одговорност и уште еден обид за цензура на вистината“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Заев се богати, два милиони осиромашуваат е вистината за криминалот на Заев кое неговото обвинителство и судот по принципот “трас-трас” го амнестираше.

Насилството, цензурата и криминалот се белег на хибридниот режим на Зоран Заев. Тоа нема да не спречи туку не охрабрува да продолжиме да ја говориме вистината за тоа како Заев владее во земјата.

Не може да сме најкриминалната земја во Европа, а Заев да е невин. Тој е креаторот и мозокот на ректот во Македонија.

Ги повикуваме надлежните институции да ги пронајдат насилниците и да ги превземат потребните мерки за ваквиот обид за цензура“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина