Во двор од куќа во Тетово најдена торба со еден килограм марихуана

Од:

Еден килограм непозната зелена тревлива материја најверојатно марихуана пронашла тетовската полиција во торба фрлена во двор од куќа на улицата „146“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, осомничен дека ја фрлил торбата е тетовецот Р.Л. (43) кој бил приведен од полицијата додека пешки се движел по улицата вчера околу 15 часот. Полицијата имала претходни сознанија дека Р.Л. пренесува наркотични средства. Откако тој ги забележал полицајците се обидел да избега и ја фрлил торбата во двор од куќа, но за кусо време бил совладан и приведен иако давал активен отпор.

– Торбата со марихуаната е одземена, фотодокументирана и ќе се вештачи додека Р.Л. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. Во текот на денешниот ден во координација со јавен обвинител со соодветен поднесок тој ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, рече Јосифовски.

Вчера бил приведен и М.Л. (27), роднина на Р.Л., кој бил во непосредна близина и со мобилен телефон го снимал неговото лишување од слобода, но по разговорот со него тој е пуштен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун