Во долнореканското село Болетин ќе никне викенд населба

Од:

Поранешни жители или нивни потомци, кои сега живеат во Република Турција, ќе градат викенд куќички во нивното родно село Болетин.

Ова долнореканско село се наоѓа на десната страна од регионалниот пат Дебар-Маврово, во близина на селата Видуше и Жировница. Во него некогаш живееле 80 семејства, но во 1957 година целото село се иселило во Маниса. По 45 години од иселеувањето, пред десеттина години прв татковското огниште го обнови Џевдет Џомерт.

– Нашите од Маниса бараат да им овозможиме да изградат викенд куќички, односно во селото Болетин да изградат викенд населба, зашто тие доаѓаат често тука. Ние како локална власт ја подржуваме ова нивна желба, на темелите на огништата на нивните предци да изградат нови куќи. Со тоа секако уште почесто и помасовно ќе доаѓаат во крајот од каде ги влечат нивните корени, изјави Мукрем Мехмеди, градоначалник на општина Маврово Ростуше.

Тој ја нагласи и многу добрата соработка со иселениците од Реканскиот крај кои во последен период многу често доаѓаат во родните места. Поголемиот дел од нив сакаат да ги обноват сега разурнатите куќи, а добар дел пројавиле интерес и да инвестираат тука.

Градот Маниса се наоѓа на брегот на Егејско Море. Во околината на овој град живеат 25.000 иселеници од Македонија, кои ги негуваат обичаите од родниот крај. Во Маниса има луѓе од Гостиварско, Долна Река, Кочани, Штип, Берово и од други краишта во Македонија.

Иселениците од Река, но и нивните потомци се занаетчии, златари, учители, професори, градежници, бизнисмени, пратеници… но корените никогаш не ги заборавиле и тие често доаѓаат во нивното или родното место на нивните родители.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска