Во ДИК се пријавиле 5.022 граѓани со спорни записи

Од:

Вкупно 5.022 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список, се пријавиле до денеска напладне во Државната изборна комисија.

Од нив, како што соопштија од ДИК, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Комисијата.

Според податоците на ДИК, најмногу пријавени граѓани има во Чаир – 907, во Сарај – 571, во Тетово – 501 и во Куманово – 453. Намалку пријавени има во Пласница, Василево и Градско – по 2, а до ДИК не се пријавил ниту еден граѓанин од повеќе општини, меѓу кои и Неготино, Пехчево, Зелениково, Кривогаштани, Демир Капија…

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања