Во Детската болница Козле немало пожар, туку краткотрајно топење на каблите во еден од тоалетите

Од:

Од Детска болница Козле ги демантираат информациите дека бил предизвикан пожар во болницата. Директорот на Детска болница Козле, д-р Ангелчо Андоновски појаснува дека станува збор само за краткотрајно топење на каблите во еден од тоалетите, поради што превентивно била повикана противпожарна служба, согласно протокол за реагирање во вакви ситуации.

Не се настанати никакви оштетувања, освен незначителна материјална штета.

Директорот апелира да не се шири непотребна паника и напоменува дека децата кои се сместени во тој дел од зградата се безбедни и нема повредени лица.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Институтот за белодробни заболувања „Козле“ во Скопје станува Универзитетска клиника

Предраг Петровиќ

Паника на Детска клиника: Примиле дете суспектно на туберкулоза – во ризик од зараза останатите деца пациенти

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството поведе постапка против скопјанец за сообраќајката во која загина 14-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Повреден маж при пукање пред ресторан во Козле

При претрес на дом во Козле пронајдени дрога и оружје

А1он

(ВИДЕО) Богоев за ДУП-от во Козле: Да не прејудицираме за одлуката, советниците се разумни

Искра Манојлоска