Во Дебар шест, во Центар Жупа двајца, во Маврово Ростуше тројца кандидати за градоначалници

Од:

До Општнските изборни комисии во Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше за претстојните локални избори поднесени се 11 кандидатури за градоначалници.

Според Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија на Дебар во трка за градоначалничката функција ќе бидат актуелниот градоначалник Ружди Љата од ДУИ, Драган Клочевски од ВМРО- ДПМНЕ, Арбен Аголи од Алијансата за Албанците, Џемаил Чупи од Движењето „Беса“, Шкелќим Џафа од „Унитети“ и Петрит Клења од ДПА.

Овие политички субјекти на изборите имаат кандидатски листи за 15 членови на Општински совет. Коалицијата предвоена од СДСМ на изборите ќе има само кандидатска листа за советнци.

– Во општина Центар Жупа за градоначалник има две кандидатури, актулениот градоначалник Аријан Ибраим, предложен од Демократската партија на Турците во Македонија и Неваип Исмаил од коалицијата „За избори 2017“ предводена од СДСМ. Освен овие политички субјекти за 11-члениот Општински совет кандидатски листи имаат доставено и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Партија за национално движење на Турците во Македонија, изјави Еран Зубер претседател на ОИК на Центар Жупа.

До ОИК на Маврово Ростуше, кандидатури за градоначалници доставиле ВМРО-ДПМНЕ, Алим Билали, СДСМ, Медат Куртоски, додека независен кандидат е Нахир Гале.

За 11- члениот Општински совет кандидатски листи имаат поднесено СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Демократската партија на Турците во Македонија и една независна кандидатска листа-граѓанска иницијатива.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари