Во Дебар одржан регионален натпревар по математика

Од:

Во организација на Сојузот на математичари на Македонија, во Дебар беше одржан регионален натпревар по наставниот предмет математика за ученици од средните училишта.

Натпреварот беше одржан во просториите на дебарската гимназија, а на нив учествуваа 72 ученика, од државни и приватни средни училишта од Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, како и домаќинот Дебар.

Најдобар резултат покажаа учениците од училиштето „Јахја Кемал“.

– Најдобар резултат меѓу учениците од прва година покажа ученичката Ангела Бошевска од Струга, во втора година Теона Николовска од Гостивар и во трета година Љиљана Михајловска исто така од Гостивар, сите три ученички од училиштето „Јахја Кемал“, додека најдобар резултат меѓу учениците од четврта година, Наум Димитревски, од СОУ„Ибрахим Темо“ од Струга, информираше Зоран Мисалевски, од Сојузот на математичари на Македонија.

Најдобрите ученици ќе учествуваат на државниот натпревар по математика.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари