Во Дебар одбележан Денот на Европа

Од:

Општина Дебар во соработка со граѓанскиот сектор и училиштата денеска со низа активности го одбележаа Денот на Европа – 9. Мај.

На одбележувањето во големата спортска сала, изградена со средства на ЕУ, 40 ученици од трите основни општински училишта цртаа пејсажи за Европа.

Дебарскиот градоначалник Ружди Љата зборуваше за значењето на Денот на Европа, како и соживотот и толеранција по кој е препознатлив Дебар.

– Ние живееме во Европа, но тежнееме да бидеме дел од европското семејство, што очекуваме да се случи во блиска иднина. Повеќе илјади дебарчани живеат и работат во западно европските земји, а по она по што е препознатлив Дебар, толеранцијата, соживотот, разбирањето можам слободно да речам дека тој е европски град. Треба малку повеќе да поработиме на дисциплината во работењето и да ги постигниме европските стандради, посочи Љата.

Во рамки на одбележувањето ќе биде одржана трка со учество на ученици од дебарската гимназија, како и турнир во мал фудбал, со учество на екипи од образовните инситуции, бизнис и граѓанскиот сектор и локалната власт.

Денот на победата над фашизмот и денот на загинувањето на народниот херој, дебарчанецот Лиман Каба, со скромни активности ги одбележа и боречката организација на Дебар.

За Денот и животниот пат на херојот Каба,кој како заменик политички комесар на баталјон на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ загинал на Сремскиот фронт во западна Славонија, на девети мај 1945 година, зборуваше претседателот на боречката организација Ирфан Уштеленца.

Делегации на борци, претставници на институции и локалната власт положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од Дебар и дебарско во НОВ, што се наоѓа во центарот на градот, како и спомен бистите на народните херои и борци во градскиот парк.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари