Во Дебар ќе се гласа на 27, во Центар Жупа на 16 избирачки места

Од:

На локалните избори,што ќе се одржат на 15 октомври, во општина Дебар ќе се гласа на 27 додека во општина Центар Жупа на 16 избирачки места.

– Во општина Дебар од вкупнот број 22 избирачки места се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Избирачките одбори со решение веќе се формирани и во понеделник и вторник ќе одржиме едукација за членовите на одборите, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија на Дебар.

На денот на изборите, своето право на глас треба да го искорстат над 18.400 гласачи.

Во трката за градоначалничката функција се шест кандидати додека со кандидатски листи за 15-члениот општинскии совет ќе учествуваат седум политички субјекти.

Според претседателот на ОК на Центар Жупа, Еран Зубер во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места.

– Шест од избирачките места се во Центар Жупа, додека другите во селските населените места. Избрачките одбори се формирани а едукацијата за нив ќе ја одржиме во вторник и среда, изјави Зубер.

Во оваа општина право на глас имаат над шест илјади граѓани.

Во трката за градоначалник на Центар Жупа се двајца кандидати, додека за 11-те советнички места со свои листи учествуваат пет политички субјекти.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он