Во Дебар децата ја продолжуваат традицијата на суројчари

Од:

Традицијата на деца-суројчари на празникот Свети Василиј Велики, која е присутна кај православните верници во Дебарско, продолжува и понатаму.

Групите на деца се далеку помалубројни од некогаш, а денеска ја продолжи традицијата само една група составена од повеќе деца. Тие ги посетија православните домови и на домаќините им посакаа среќа и бериќетна година.

Децата во рака држат суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец. Откако домаќините ќе ја отворат вратата тие ги „удираат“ по глава и пеат „Сура, сура година, до година повесели“, по што се дарувани пред се со пари, но и со благо.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари