Во даночното одделение во Дебар доставени 1.379 годишни даночни пријави

Од:

На четири дена пред крајниот рок, во дебарското даночно одделение, кое делува во рамки на Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Тетово, доставни се 1.379 годишни даночни пријави.

– Во даночното одделение во Дебар,кое со своите надлежности ја покрива и општина Центар Жупа, последните денови се зголемува бројот на граѓаните кои доствуваат пријави. За само неколку дена доставени се над 500 пријави, или вкупно заклучно со вчерашнот ден 1.379 пријави, изјави за МИА Гоце Веселиновски, портпарол на регионалната дирекција.

Веселиновски очекува бројот на доставени годишни даночни пријави да биде поголем од лани, кога пријави доставиле 1.740 обврзници или 430 повеќе споредено со претходната година.

Посочува дека на ниво на регионална дирекција, која го покрива и даночното одделение во Гостивар, годишна даночна пријава доставиле околу 18 илјади лица. Апелира до обврзниците да не го чекаат последниот ден и соопшти дека дирекците и одделенијата на УЈП денеска работат од 8:30 до 14 часот, а во работните денови од 8:30 до 18 часот.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари