Во болница почина осуденик од „Идризово“

Од:

МВР извести дека вчера во 15.45 часот од ЈЗУ – Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина Скопје било пријавено дека кај нив починал М.Г.(55) од Скопје, осуденик кој издржувал 15 – годишна затворска казна во Казнено-поправната установа затвор „Идризово“.

Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба во 12 часот од затворот бил пренесен во заводот, каде што во 13.35 часот починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар

Почина Џеси Џексон, американскиот активист за граѓански права

Почина актерката Ленче Делова

Катерина Ѓуровски

Почина Натан Смит, синот на Лил Џон

Момче почина во кавадаречко Возарци