Во битолско пронајдени неексплодирани гранати од Првата светска војна

Од:

Вчера две лица на две различни локации во битолско пронашле неекслодирани гранати од Првата светска војна, соопшти МВР.

Маж од селото Лажел, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол стара артилериска граната со калибар 75 милиметри.

Вториот случај е забележан во слото Крклино-битолско, каде маж пријавил дека во нива лоцирана на 300 метри од стара Кукуречанска раскрсница, при изведување земјоделски работи пронашол една неексплодирана артилериска граната калибар 155 милиметри од Првата светска војна.

И во двата случаи, од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, експлозивните направи била подигната за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски