Во Битола се одржа обука за младински работници

Од:

Во Битола заврши првиот дел од обуката за младински работници „Методологија на младинската работа: врсничка едукација“.

Обуката беше одржана во рамки на проектот „Обединети младински работници“, а ја организираа Младинскиот културен центар – Битола и партнерските организации Креактив – Скопје, Младинската мрежа на Југоисточна Европа и Националната асоцијација на младински работници од Србија.

– Целта на обуката беше да се изврши подготовка и поддршка на младински работници, почетници за директна работа со млади, и притоа 20 млади врснички едукатори до крајот на април 2017 ќе бидат оспособени за подготовка, спроведување, следење и проценка на врсничка едукација.Станува збор за тренинг модул кој што е дел од нацрт програмата за едукација на младински работници на Сојузот за младинска работа, која пак се подготвува на партиципативен начин со широко учество на сите засегнати страни и се планира да биде акредитирана од страна на државата, информираа од МКЦ-Битола.

Проектот е поддржан од Европската Унија во рамки на програмата IPA TAIB 2011 „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанското општество“.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот