Во Битола се одржа манифестацијата „Ден без автомобили“

Од:

Општина Битола во рамки на одбележувањата на Европската недела на мобилност, кога традиционално се затвораат за сообраќај една или повеќе фрекфентни сообраќајници и се резервираат за велосипедисти, пешаци или за јавен транспорт, денеска со посебна програма ја одржа манифестацијата „Ден без автомобили“.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека годинешното мото на настанот е „Споделувањето те движи напред“, и притоа активно учествувале ученици од основните и средните училишта од општината.

– Манифестацијата „Ден без автомобили“ според востановената традиција се одржа по најфрекфентните битолски сообраќајници, односно Булеварот „1 Мај“, кај кружниот тек „Црн Мост“ до плоштадот „Магнолија“. Целта на настанот е да се укаже на алтернативата за движење и дека не треба да е само на денешниот ден, туку сите да се насочуваат кон алтернативни начини на движење сообраќај со велосипеди, пешачење или користење на јавен превоз, информираа од тамошната локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот