Во Битола се одбележува Денот на албанската азбука

Од:

Со пригодни манифестации, научна трибина на тема „Придонесот на албанските друштва и клубови во формирањето на заедничката азбука на Албанците“, како и со свечена академија што вечер ќе се одржи во НУ Центар за култура-Битола, денеска се одбележуваат 106 години од Битолскиот конгрес на кој било унифицирано писмото на Албанците.

Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908 година. Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. На Конгресот била усвоена одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик. Во Битола тогаш присуствувале албански интелектуалци од целиот свет, зашто градот бил конзулски центар и безбедно место.

– Со среќа и за многу години Денот на албанската азбука, денот на унифицирањето на албанското писмо. Искрени честитки им испраќаме на сите делегати што учествувале на Битолскиот конгрес, како и на комисијата што ја увои албанската азбука. Во координација со Владата на Република Македонија и Министерството за култура, ние сме при крај со процесот на експропријација на објектот, дворот и двата дуќана што сега се во рамките на зградата каде што се одржа Битолскиот конгрес, а сега Музеј на албанската азбука, рече вицепремиерот Муса Џафери на денешната свеченост во Битола.

За претседател на Конгресот бил избран Мидхад Фрашери, а потпреседатели биле Лиуѓ Гуракуќи и Ѓерѓ Киријази, чија сестра, Парашќеви Киријази, била единствената жена на конгресот. Киријази го објавиле и првиот буквар со унифицирана азбука за потребите на училиштата. Азбуката прифатена на Битолскиот конгрес денеска се користи секаде каде што живее албанско население.

Според бројот и важноста на учесниците, Конгресот во Битола бил најзначаен културен настан за албанскиот народ на почетокот на 20 век, за што сведочат и експонатите во поставката на НУ Музеј на албанската азбука во Битола, кој со поддршка на Министерството за култура на РМ работи од 2010 година.

На свеченостите по повод Денот на албанската азбука – 22 Ноември во Битола присуствуваа и министрите Абдилаќим Адеми и Фатмир Бесими, а вечер во НУ Центар за култура-Битола ќе се одржи и свечена академија.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов