Во Битола промовирана независна листа на кандидати за советници предводена од Габриела Илиевска

Од:

Во Битола вечерва на промотивен настан беше претставена незвисната листа на кандидати за членови на општинскиот Совет чиј носител е Габриела Илиевска.

Во кампањата за претстојните локални избори кандидатите ќе настапуваат под мотото „Поинаку“ затоа што како што рече Илиевска, ослободени од стегите на партиските штабови и шаблони ќе покажеме дека и работата на општинскиот Совет и животот во Битола може да се одвива поинаку од досега. Тоа е листа составена од луѓе битолчани со име и презиме и интегритет во сопствениот град, луѓе кои доаѓаат од различни професии кои имаат заедничка цел.

– Нашата цел е граѓанинот да учествува во донесувањето на одлуките во Советот на општина Битола. Наш приоритет ќе биде проектот буџет на увид граѓаните, и затоа ќе биде направен посебен софтвер во кој ќе бидат внесени сите сметки на јавните претпријатија, училишта и градинки со што секој граѓанин во секое време ќе може да види на кој начин се трошат неговите пари. Исто така ќе инцираме отворање на локални канцеларии во сите населени места на територијата на општина Битола со цел месното население во нив да ги заврши административните работи кои му се потребни, истакна Илиевска на вечерашниот промотивен настан во Битола.

Независната листа кандидати за членови на Советот на општина Битола најави дека ќе иницира донесување одлука за бесплатни детски градинки за секое дете, постапка за донесување на т.н. Закон за РЕК, формирање комисија и инспекторат за туризам и други проекти за поинаква Битола.

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов