Во Битола одбележан Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет

Од:

Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“ Битола и Здружението за хуманитарни дејности Лајонс Клуб „Кабадаја“ го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет.

Традиционално учениците од битолските основни и средни училишта, заедно со деца од Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“ одржаа Дефиле низ Широк Сокак.

– Нашата установа секојдневно иницира активности за децата со пречки во развојот да бидат вклучени во сите сфери на општеството, да бидат социјално интегрирани. За жал дел од децата немаат пристапи во институции каде нема пристапни рампи и други помали или поголеми проблеми со кои се соочуваат нашите 75 ученици, а ги има од цела држава, истакна Маре Стојменовска Мицевска, директорка на Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“-Битола.

Хуманитарниот настан „Обоиме во пријател“ во Битола се организира осум години по ред, а проектен носител е Лајонс клубот „Кабадаја“.

– Нашата основна цел е да се зголеми свеста за еднаквост односно сите сме исти и нема меѓу нас различности. Сакаме децата да бидат сплотени и социјализирани, истакна Андријана Шокларовска, координатор на проектот, членка на ЛК „Кабадаја“.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот