Во Битола дебата за ревитализација на Музичката продукција во МРТ

Од:

Музичката продукција на Македонската радио телевизија треба да се обнови бидејќи тоа е во функција на квалитетот на нашето културно наследство, посочи Цветанка Ласкова, советник за култура на премиерот.

Грижата и негувањето на домашното музичко творештво, развојот и одржливоста на нашата музичка продукција, како и вреднувањето на авторите и изведувачите е важен дел од културните политики на Владата, нагласи Ласкова.

-Идејата за повторно активирање и ревитализирање на музичката подукција на МРТ е прифатена без никакво двоумење. Таа претставува важен дел од музичката култура и дел од националните стратешки пристапи во зачувување, поттикнување и производство на нови музички содржини од домашни автори со различни музички жанрови, истакна Ласкова.

Според Цветанка Ласкова, советник за култура, член на кабинетот на премиерот на Владата на Република Македонија, за МРТ, освен финансирање од буџетот, во програмата на Владата е овозможено финансирање на МРТ и од други средства меѓу кои и од приходи остварени со продажба на програма произведена во МРТ, а заживувањето на музичката продукција во МРТ може да биде вистински импулс во оваа насока, рече Ласкова на јавната дебата во Битола која заедно со професорот Живоин Глишиќ, Кире Костов и Љупчо Мирковски, остварија интеркативна комуникација со претставници на културниот сектор од Битола.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ