Во Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците ќе има вработувања, ако има реална потреба

Од:

Во Агенцијата која ќе биде задолжена за спроведување на Законот за јазиците ќе има вработувања, доколку има реална потреба за тоа. Првично, ќе се користат внатрешните ресурси што ги има Владата во рамки на постојните институции.

„Првично во Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците ќе се користат внатрешните ресурси кои ги има Владата во рамки на постојните институции, но доколку реалната ситуација укаже на тоа дека тие ресурси не се доволни, тогаш ќе има вработувања“, рече владиниот портапрол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција.

Вчера, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците. Таа ќе треба да подготви акциски план за спроведување на законот во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката, да ја следи динамиката на реализација на акцискиот план и да им дава насоки на институциите во функција на координирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он