Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Од:

Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршија контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината.

Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност.

Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување и од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, ќе започне инспекција за состојбата во зградите.

Инаку, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во вторникот, на 18 март, испрати барање до сите основни училишта и детски градинки, при што во најкус можен рок треба да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гаснење пожар. Исто така, потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација.

Општинскиот инспекторат во Битола, во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, денеска ќе спроведат проширена контрола и на битолските локали и кафе барови.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола претпладнево соопштија дека акцијата ќе се одвива во кафе барови кои во најголем дел се лоцирани на Широк Сокак, во битолската чаршија, во новиот пазар во Нова Битола и на други места.

– Контролите ќе опфаќаат проверка на потребната документација, согласно Законот за угостителска дејност. Општинскиот инспекторат на терен редовно врши контрола на битолските локали и околу дозволите за поставување на урбаната опрема пред локалите, се нагласува во соопштението од Општина Битола.

контроли на безбедноста, но и на трговскиот објекти најви и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски и повредените, а најмногу – правдата

Горан Наумовски

Сведок во процесот „Пулс“: Не барам сожалување, барам да ја признаете вината, нашите деца не починаа од природна смрт

Судење „Пулс“: Мајка на загинатиот 24-годишен Андреј вели „Кристијан до ден денеска има кошмари и ја преживува таа вечер“

Горан Наумовски

Во ќелијата на „Газда Деко“ е пронајден мобилен, судијката само го опомена сопственикот на дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Судење „Пулс“: Сведокот Николов тврди – видов дим и се слушаа чудни звуци, тогаш сфатив дека е нешто сериозно

Судење „Пулс“: Обвинетиот Нацев тврди дека е таргет на разни неосновани и политизирани клевети и навреди