Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во рамки на продолжението на 150- седница ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември.

-Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Во однос на изборот за членови на советите на општини и Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.

По спроведеното гласање на 19 октомври, а по истекот на законските рокови за поднесување тужба до Управен суд по приговори во постапка за гласање и во постапка за утврдување и сумирање на резултати од гласање, ДИК ги објавува конечните резултати за општините во кои не се поднесени тужби до Управен суд по приговори за избори на членови на Совет на општините и членови за Совет на Град Скопје.

– Остана само една општина со три избирачки места во кои се поништени резултатите од Управниот суд – во Општина Шуто Оризари. По направената симулација, утврдено е дека можно е да има теориско влијание бројот на запишаните гласачи во овие три избирачки места на распределбата на мандатите во Советот. ДИК врз основа на наведеното, согласно одлуките на Управниот суд за поништување на гласањето, одлучи гласањето во овие три избирачки места во Општина Шуто Оризари за избор на членови на Совет да биде повторено на 2 ноември, рече Кондарко.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања