Внатрешно крварење, последица од силниот удар во воланот е највројатно причината за смртта на Никола Младенов, според првичните информации до кои дошла телевизија Алфа.
Младенов загина во сообраќајна несреќа во близина на Скопје, кај населбата Хиподром кога возилото со кое се превезувал излета од патот.
Според информациите на Алфа, истражителите ќе проверуваат дали технички попуштило возилото, дали евентуално не била прилагодена брзината на свиокот и дали можеби во сообраќајката учествувало и друго возило.