ВМРО за Македонија: Најголемиот влог за Македонија да стане независна држава го даде поранешното раководство на ВМРО

Од:

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ својата изборна кампања денеска ја започнаа пред споменикот на паднатите борци.

-Како Коалиција одлучивме кампањата да ја започнеме токму од ова место. Местото кое што ги буди најболните сеќавања во македонската историја таму каде што лежи споменикот на бранителите кои загинаа за оваа држава, рече лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Тој напомена дека ја има таа чест да коалицира со поранешниот министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски кој што е дирекно заслужен за одбрана на татковината во 2001 година.

Ангелов вели дека една од работите за кои коалицијата ќе се залага е правата на бранителите кои го дале својот живот за татковината како и за воените инвалиди кои денес имаат нерешени прашања и се чуствуваат непочестено од својата држава бидејќи раководството на државата до ден денес, како што вели тој, не најде начин да се заблагодари за одбраната на татковината.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, вели дека намерата на колицијата не е оттука да се почне маркетингшката кампања на „ВМРО за Македонија“, туку за потсетување да не се случи заборав од овој дел од историјата на Македонија.

-Овој споменик е само симбол на тешките македонски времиња и низ сите војни кои поминала државата. Нашата историја била мачна и тешка, но еве создадовме своја држава, ја создадовме Македонија, од 1991 година сме независна држава и во тоа најголемиот влог го даде раководството на ВМРО во тоа време и тогашниот лидер Љубчо Георгиевски, рече Бошкоски.

Како што вели Бошкоски, нивна обрска е да ја продолжат борбата за Македонија и напомена дека борците не ги дале своите животи ниту за тогашниот премиер, ниту за тогашниот министер, ниту пак за тогашниот генерал туку за Македонија.

-Наша цел и наша задача е денес да ја одбраниме Македонија. Денес кога на Македонија и е навистина тешко и политички и економски план. Кога македонија станува земја за иселеници да понудиме визија денес за на некој начин им се одолжиме на сите херои на Македонија како и децата и семејствата на хероите од татковинската војна, рече Бошкоски.

Некогашниот премиер, Љубчо Георгиевски изјави дека заедно со Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов официјално тргнуваат во изборна кампања и ги повикуваат сите граѓани на Македонија да го дадат својот глас за оваа Коалиција. И покрај тоа што оринтацијата на Коалицијата е претежно десна тие сметаат дека се доволно отворени и гласни за да можат да привлечат гласови како од десницата така и од левицата и центарот.

-Навистина сметаме дека сме алтернативна во политичкиот простор во Македонија. Сметаме дека политиката што ја водат двете големи партии навистина не доликува, не е достоинствена и нигде не го гледаме интересот на Македонија. Затоа сметаме дека сите оние разочарани од оваа битка и дефинитивно кризата во која Македонија се наоѓа минатите две години денеска имаат алтернатива, рече Георгиевски

-Нашата Коалиција „ВМРО за Македонија“ е доволно јасна, доволно докажана во минатите 25 години на Македонското опстојуваме за да луѓето не препознаат како вистинска алтернатива. Ние сакаме да понудиме јасна перспектива, перспектива на економски развој, демократски просперитет и евро-атланска интеграција, вели Георгиевски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска