ВМРО-НП: Зошто вдовицата на злосторникот Аркан да пее за Илинден во Охрид?

Од:

ВМРО-Народна партија предупредува на, како што велат, штетните последици од традиционалното ангажирање на пејачи и пејачки од северниот сосед да ги забавуваат македонските граѓани при прославувањето дури и на најсветите денови од македонската историја.

„Непосреден повод за ваквата реакција е гостувањето на турбо фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, единствено популарна како вдовица на познатиот српски злосторник Аркан, која ќе пее за чествувањето на илинденските празници во Охрид. Охрид, град крепост на духовноста, писменоста, културата и уметноста кои се основни белези на идентитетот на секој народ, брутално да биде понижен на ваков начин од пејачка која не поседува никакви уметнички вредности освен што е вдовица на Аркан, најблаго речено е неразбирливо. И не е само Охрид. Во сите градови, градоначалниците и министрите од владеачката ВМРО-ДПМНЕ кои се истовремено и членови на најтесното раководство на партијата, кој со својот партиски авторитет, а кој со повеќе пари, буквално се натпреваруваат да привлечат што поголема турбо фолк ѕверка од северниот сосед. На овој начин место чествувањето да биде величенствено како што прилега на светоста на денот, се претвора во грубо поигрување со чувствата на граѓаните“, смета ВМРО-НП.

Според партијата, ова е непобитен факт што докажува дека зад ваквите настани кои претставуваат тежок удар врз идентитетот на Македонците, стои директно ВМРО-ДПМНЕ.

„Партија која се фали дека го открила постоењето на македонскиот идентитет уште од пред 3000 години и поради тоа се чувствува самоповикана и единствено задолжена да го негува и брани истиот. Жално е една ваква опасна инфекција да се рашири во редовите на ВМРО-ДПМНЕ до степен на епидемија, кога знаеме дека до пред 10 години, раководството, членовите и симпатизерите на оваа партија имаа природно изграден имунитет од овој политички феномен“, се додава во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска