ВМРО-НП: Златна шајкача за Илчо Захариев

Од:

ВМРО-Народна партија преку својата комисија за заштита на идентитетот и културното наследство на македонскиот народ, прашува: До кога ќе трае колективното лудило на градоначалниците од владеачката ВМРО-ДПМНЕ кои ангажираат контраверзни пејачи од српската естрада за многи високи хонорари, а по повод прославите што на некој начин го обележуваат идентитетот на македонскиот народ.

Според партијата, врв на глупоста е синоќешниот настап на Аца Лукас на пастрмајлијадата во Штип, градот во кој се родени тројцата најголеми лидери на изворното ВМРО, кои до 2003 година цел век беа на чело на партијата.

-Затоа, комисијата одлучи годинешнава престижна награда ,,златна шајкача 2014,, да му ја додели на градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев. И тоа, не како досега доделените, туку ,,парадна златна шајкача,, која годинава за првпат е востановена за посебни заслуги за ширење на србоманството во Р.Македонија. Такви шајкачи носеа српските офицери на парадите што се одржуваа пред офицерскиот дом во Скопје, за време на српската окупација на Македонија, кој сега сопартијците на Илчо Захариев го враќаат во полн сјај и потполно автентичен, за да ги потсетува граѓаните на Р.Македонија на тие не така дамнешни времиња. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се претвори во силна четничка организација која има за цел асимилација на македонскиот народ како српски, реагираат од ВМРО-НП.

Комисијата, се вели во соопштението, упатува остра критика и до македонските пејачи кои се согласиле да бидат само декор во претставите на Аца Лукас и Жељко Јоксимовиќ, кога е општо познато дека пеат многу подобро од нив.

Би можело да ве интересира

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он