Земјите на ЕУ прифаќајќи ги санкциите на Европската унија кон Русија добиваат пристап кон разни компензациони фондови на Унијата со што поголем дел од штетите кои ќе ги имаат како национални економии ќе им бидат компензирани, велат од ВМРО-Народна партија.
„Затоа ВМРО-Народна партија ја повикува македонската Влада на утрешниот состанок со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жосеф Борел да го отворат истото прашање и за Македонија, особено ако знаеме дека истите фондови се отворени и за земји-кандидати за членство во унијата, затоа што штетите кои македонската економија ги трпи не се воопшто мали, а притоа многу фирми се на удар токму поради санкциите кои што Македонија и ги воведе на Русија“, соопштува ВМРО-Народна партија.