ВМРО-НП загрижена за сиромаштијата

Од:

ВМРО-Народна партија е загрижена за бедниот животен стандард односно за мизеријата и сиромаштијата која секојдневно се зголемува и секојдневно ја чуствува македонскиот народ, а според меѓународните документи Македонија ја издигаат високо на првото место во Европа.

„Во преродбата од 100 чекори Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ветија мерки и проекти за намалување на сиромаштијата кои ќе го одведеа македонскиот народ до светлото од тунелот, а сега Никола Груевски и неговата Влада го задолжи македонскиот народ со дополнителни над милијарда евра за помалку од 4 години“, рече Билјана Јовановска на денешната прес-конференција.

Партијата на Љубчо Георгиевски ја прашува Владата дали, како и се друго, проектите и мерките за намалување на сиромаштијата и невработеноста во Република Македонија се ставени само на хартија, а бројките за невработеноста со кои секојдневно манипулира министерот за труд и социјална политика до крајот на годинава треба невработеноста според евиденцијата на Агенцијата за вработување да ја сведат на само 5 бројки, кои наводно ќе бидат резултат од истите?

„Почитуван министре Ристовски, Вие лично неодамна во шоуто на Миленко Неделковски рековте дека реалната бројка на невработени лица се движи најмногу од 150.000 до 180.000 невработени лица, па и онака веќе сомнителната бројка од околу 270.000 невработени лица која ја објавува АВРМ, Вие министре ја демантиравте и згора на тоа, индиректно си ја признавате неспособноста да пронајдете цели 100.000 вработени на црно“, прашуваат од ВМРО-народна.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска