ВМРО-Народна партија изразува големо задоволство од новиот приод на правосудните органи за неизрекување мерка притвор и истакнува дека конечно, критериумите за одредување на оваа мерка од страна на судот се изедначуваат со стандардите и принципите на европското законодавство.
Од таму истакнуваат дека во изминатите 14 години многу македонски граѓани не можеа да го почувствуваат ова основно универзално човеково право, со што ќе беа поштедени од неоправдани малтретирања.
„Овие единствени репресивни мерки во категоријата притвор почнаа драстично да се применуваат 2002 година од страна на СДСМ, поточно од двоецот министерот Хари Костов и недопирливата во тоа време во областа на судството Ленче Софрониеска како директен егзекутор. За жал и со промената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, кога очекувавме мерката притвор најчесто да се заменува со други со закон дозволени, но поблаги форми за сигурно обезбедување, новиот двоец министерката Гордана Јанкулоска и министерот Михајло Маневски, продолжи да се однесува исто“, велат од партијата.