„Премиерот и претседател на ДПМНЕ Никола Груевски вчера го покажа своето вистинско лице и лицето на неговата партија. Тие се дрзнаа да го отворат селскиот пат од селото Лескоец до селото Скребатно, кој е изграден со општински средства. Свесно и на лицемерен начин сакаат да манипулираат со граѓаните. Сакаат да создадат мит дека се залагаат за Охрид, а шест и пол години немаат ни помислено да направат нешто за Охрид“, велат од ВМРО-НП.
„Додека неговите колеги од соседството отвoраат автопатишта долги стотици километри, нашиот премиер се слика пред камерите отвoрајќи селски пат, кој исто така не е изграден со средства на Владата. Ќе бевме навистина среќни ако премиерот вчера го отвореше автопатот од Гостивар до Охрид и до Струга, кој му е еден од главните адути и ветувања на сите изборни циклуси, а никако да го биде. Ќе бевме исто така среќни доколку вчера премиерот ги отвореше затворениот базен и фудбалското игралиште кои ги имаше ветено. Кога премиерот толку има желба да отвора селски патишта, отакако општината ќе ги изгради и другите патишта во Пештани, Елшани и другi населени места, ќе го повикаме да пресече лента.
– За жал, охриѓани не можат да го запаметат владеењето на режимот на Груевски по ниедна добра работа. Љубчо Георгиевски го паметиме по тоа што го изгради Плаошник, ги реконструираше Самоиловите тврдини, го изгради Античкиот театар, го изгради меѓународнит пат од Билјанини извори до Свети Стефан, ја осветли црквата Св. Јован Канео, и многу објекти со кои Охрид денес живее. Груевски и неговата партија ќе бидат запаметени само по притисоците врз граѓаните и затоа уште долго време нема да имаат градоначалник од нивните редови во Охрид“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.