ВМРО-НП: Владата ни го честиташе Илинден со поскапување на струјата и парното

Од:

Владата на Република Македонија, на чело со премиерот Никола Груевски на граѓаните на Република Македонија им го честита најголемиот македонски празник Илинден со покачување на сметките за струја и парно и укинување на ефтината тарифа преку ден.

На овој свет ден, ДПМНЕ заедно со нивниот претседател Никола Груевски го открија лицето за нивната борба за Македонија. Сите удари во гради околу нивниот патриотизам денес пропаднаа. Во време кога платите во Република Македонија се најниски на Балканот и во Европа, во време кога пензиите се намалуваат, во време на преживување, тие сакаат да го понижат македонскиот народ. Се прашуваме која е целта на Владата?!

Дали можеби уште помасовно иселување на македонците од својата држава?! Како еден просечен човек кој заработува просечна плата да остане во својата татковина кога неговата влада го приморува целата плата да ја потроши на сметки за струја и парно?!

Востаниците од Илинден иборците од АСНОМ сигурно не би сакале да го видат овој потег на ДПМНЕ и на Владата. ДПМНЕ го изгуби правото да ги злоупотребува четирите свети букви ВМРО.

Почитувани граѓани, ВМРО – Народна партија Ви го честита Илинден и Ве уверува дека многу брзо ќе дојде денот кога оваа власт ќе си замине и кога македонскиот народ ќе си го врати достоинството и надежта. Празничните денови поминете ги во мир, хармонија и надеж за подобри денови за нашата татковина.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска