Во поглед на дискусијата за вакцините против Ковид-19 кои треба да бидат примени во Македонија, ВМРО-Народна партија смета дека Владата на Северна Македонија треба да дозволи увоз на сите одобрени вакцини од страна на Светската здравствена организација, а граѓаните да бидат тие кои ќе одберат каква вакцина сакаат да примат.
„Со увозот на сите регистрирани вакцини ќе се скрати времето на чекање, можноста за закрчување на здравствените институции еднаствно и полесно регулирање на целиот процес на вакцинирање.
ВМРО-Народна партија смета дека здравјето не е прашање на политика и затоа треба да се постапи според интересот на граѓаните и врз основа на тоа што може да даде најдобра здравствена заштита“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.