ВМРО-НП: Трајановски соучествува во „рекетирање“ на скопјани

Од:

ВМРО-Народна партија, на прес конференција укажа на, како што велат,  нелегалното работење на ЈП Паркинг-општина Центар штитено од скопскиот градоначалник Коце Трајановски кој веќе подолго време замижува пред очевидните неправилности во работата на ова Јавно претпријатие и намерно не испраќа инспектори за сообраќај.

 Според ВМРО-НП,  ЈП Паркинг – општина Центар бесправно стопанисува со парикинзите во центарот на град Скопје и притоа неовластено прибира огромна сума на пари од граѓаните.

 „ЈП Паркинг – општина Центар ги нема потребните дозволи за работа од град Скопје што е евидентно од одговорот на Секторот за сообраќај на град Скопје (кој што јавно ви го презентираме) и со тоа врши класична кражба и рекет на сопствените граѓани под закрила на Коце Трајановски.Го повикуваме Коце Трајановски јавно да ги презентира дозволите за работа на ЈП Паркинзи – општина Центар, а доколку истите не постојат го прашуваме градоначалникот Коце Трајановски зошто молчи за очевидниот криминал, и притоа соучествува во ,,рекетирањето“ на скопјани“, рече Слободан Близнаковски.

 Праша дали молкот од страна на Трајановски е поради вработувањето на огромниот број партиски војници од ДПМНЕ во ова нелегално Јавно претпријатие пред локалните избори.

 „Им укажуваме на граѓаните дека плаќајки го затвореното и зонското паркирање на паркинзите со кои стопанисува ЈП Паркинг- општина Центар директно придонесуваат кон неосновано богатење на владеачката гарнитура бидејќи ова Јавно претпријатие работи без дозволи и апсолутно неовластено ги прибира парите на граѓаните, па затоа ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА апелира до Јавното Обвинителство согласно своите законски овластувања да преземе мерки кон директорката Маргарита Бакев и истата да биде изведена пред лицето на правдата и кривично да одговара за своето криминално дејствување“, рече Близнаковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска