ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Од:

Во последниве месеци повеќе пати слушаме дека Северна Македонија и подарува на Украина тенкови, авиони, хеликоптери и артилерија па ВМРО-Народна партија сака да ја потести македонската јавност дека сто проценти од ова оружје е набвавено од Владата на господинот Георгиевски, која патем нема никаква допирна точка со денешното ВМРО-ДПМНЕ, дел како подарок од Бугарија, а другиот дел по многу евтина цена од Украина, велат од ВМРО-НП.

„Сакаме да ја потсетиме македонска јавност дека југословенската армија под конторола на Слободан Милошевиќ претходно изнесе од Република Македонија оружје во вредност од неколку милијарди долари со што го направи најголемиот грабеж во историјата на нашата држава.

Исто така сакаме да нагласиме, кога сега читаме дека за осум хеликоптери ќе бидат потрошени над 200 милиони евра, потестуваме дека сите авиони и хеликоптери кои беа купени во тоа време не ја надминуваа цената од 20 милиони евра па и покрај сето тоа тогаш трпевме критика дека сме купиле старо оружје по многу скапа цена.

ВМРО-Народна партија поддржувајќи ја политиката на поддршка на Украина исто така апелира дека ова е и едно големо обезоружување на нашата држава и дека Република Северна Македонија заедно со своите НАТО партнери мора да води договорна политика за некаков баланс на оружјето во нашиот регион бидејќи несероизно е Косово да има поголема воена техника отколку Северна Македонија“, соопшти ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска