ВМРО – Народна реагира на обвинувањето на министерот за финансии Ставревски кој кажа дека Георгиевски и Црвенковски се виновни за сите грешки во изминативе 20 години.
„Македонија е независна држава од 1991 година, благодарение на визиите, на идејата и напорите на Г-динот Љубчо Георгиевски.
Единствен политичар којшто е во врвот на власта во РМ од нејзиното осамостојување па се до ден денес е токму Зоран Ставревски.
Токму тој Ставревски во време на владеењето на СДСМ од осамостојувањето па до 1998 година, односно 2 мандата беше помошник на министерот за финансии.
И по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт Зоран Ставревски остана на функцијата помошник министер за финансии.
Значи, од осамостојувањето на РМ па до ден денес во сите владини состави Зоран Ставревски беше во комбинација и постојано беше носител на високи државни функции.
Ставревски заборавил дека по стаж на висок функционер е врсник со осамостојувањето и транзицијата. Неговата кариера кулминираше последните 6 години во кои токму тој е вицепремиер за економски прашања, па министер за финансии во периодот во кој Македонија доживеа економска катастрофа и пропаст во секој поглед. Од таму тој е најмалку повикан да обвинува бидејки тој е висок функционер цели 21 години и е еден од главните виновници за сиромаштијата и мизеријата во кои се наоѓа нашиот народ.
А кога сме кај превртвување на цревата, благодарение на овој човек на најголемиот дел од народот му се превртуваат цревата од глад. А на вистинските и старите ВМРО–вци не само што им се превртуваат цревата туку и им се гади од ова кадрвоско решение на денешното ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.