ВМРО-НП: Срам е демохристијанска партија заради свои лични и партиски интереси, да се задскрива зад МПЦ-О

Од:

ВМРО – Народна партија потсетува дека повеќе години, преку свои објавени соопштенија, настапи и прес конференции, укажувала дека судските процеси против владиката Јован Вранишковски со кои беше осуден на повеќегодишна казна затвор, се мотивирани од политички побуди.

ВМРО-Народна партија, велат, и денес го задржува истиот став за случајот Вранишковски и заради тоа ја поздравуваат иницијативата за негово итно ослободување. Со исти квалификации за неговото затворање пред неколку месеци, се изјасни и Стејт Департментот, кој побара ослободување, на кои Владата и надлежните институции останаа глуви, а сега под притисок на Руската Православна Црква, веднаш благонаклоно реагираат.

„ВМРО-Народна партија е загрижена од штетните последици што Р.Македонија ги трпи од доцната реакција и погрешно избраниот пат за разрешување на овој проблем, кој беше нотиран и во извештаите од Европската Унија. Но, не можеме да не констатираме дека уставно загарантираниот секуларен карактер на Р.Македонија, во која јасно се одвоени религиите од државата е грубо прекршен од страна на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што ја злоупотреби МПЦ-ОА. Оддалеку се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ обезбедувајќи си за себе алиби, го принуди Светиот Архиерејски Синод да објави партиски став. Свесна ли е владеачката партија до кој степен го понижи Синодот пред очите на целата мекедонска јавност. Голем срам е една демохристијанска партија заради свои лични и партиски интереси, да се задскрива зад МПЦ-ОА“, стои во соопштението.

ВМРО-Народна партија е зачудена, како тоа МПЦ-ОА толку лесно и брзо своите досегашни тврди ставови во врска со овој случај, ги трансформира и прифати да се однесува како портпарол на владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ