ВМРО-НП: Советникот на Ахмети се прогласи за основач на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО-Народна партија ја поздравува храбрата одлука на г-динот Бранислав Синадиновски, кој е специјален советник на претседателот на ДУИ г-динот Али Ахмети, истовремено да застане на чело на Иницијативниот одбор за формирање на Албанска Православна Црква во Р.Македонија, како прв чекор во остварување на правата на православните Албанци во Р.Македонија. Тој ова го најави при промоцијата на својата книга „Православните Албанци во Р.Македонија“ за време на свеченоста за празникот посветен на Денот на албанското знаме.

ВМРО-Народна партија го прашува иницијаторот, зошто дури сега се охрабри да го објави неговото етничко потекло и да напише книга со ваква тематика, со која целосно го негира своето досегашно обемно творештво од областа на историјата и идентитетот на македонскиот народ. Низ македонската историја поминале повеќе таканаречени жртви на системот од типот на Бранислав Синадиновски, Матеја Матевски и други, кој едно пишувале, а длабоко во себе прикривале нешто сосема друго. Од ова произлегува суштинското прашање, кој е вистинската жртва на системот, дали тие или македонската нација и нејзиниот идентитет.

ВМРО-Народна партија ги потсетува граѓаните, особено раководството и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, за содржината на книгата напишана од Синадиновски, а по повод 20 годишниот јубилеј на партијата, во која тој се самопрогласува за основач на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа голема лага, која досега не е демантирана од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно му одговара на сегашното раководство, кое по секоја цена сака да ја прикрие вистината за единствениот легитимно признат  основач на партијата, г-динот Љубчо Георгиевски.

ВМРО-Народна партија предлага, таканаречениот основач на ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти функцијата специјален советник на Али Ахмети, да ја превземе функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и со актуелната функција претседател на Иницијативниот одбор, целосно да ги оствари барањата на православните Албанци во Р.Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања