ВМРО-НП: Случајот „Тимјаник” треба длабоко да ја загрижи државата, нацијата и црквата

Од:

„ВМРО-Народна партија упатува реакција во однос на случајот „Тимјаник” кој впрочем треба длабоко да ја загрижи државата, нацијата но и црквата, а воедно и да не насочи кон тоа каде и на кој начин треба да се изнајде соодветно решение.

ВМРО-Народна партија смета дека решението лежи во системскиот одговор.

Бараме системски одговор од страна на државата бидејќи во прашање е доведен хуманитарниот пристап и однос, односно спротивно на заложбите кон тоа да нацијата помага без ралика на типот и степенот на нарушување.

Потребен е и одговор од страна на црквата бидејќи во прашање е доведена основата на христијанскиот приод каде што јасно се вели дека секој човек треба да помага на слаби, изнемоштени, немоќни лица, оној што нема или оној на кој му е најпотребна некаква помош.

ВМРО-Народна партија упатува апел до Македонската православна црква, со нејзиниот христијански пристап да се вклучи во решавањето на ваквите системски грешки, а притоа и посети за основните духовни придобивки од приодот на луѓето кон одредени целни групи на луѓе во одредени моменти.

ВМРО-Народна партија предага воведување на волонтерски часови во сите средни училишта, каде што секое дете ќе биде должно да учествуваа и за време на тие волонтерски часови да оствари посета на старски домови, домови за деца со посебни потреби, деца кои се тешко болни и поголемиот дел од своето време го поминуваат по клиничките болници и центри.

Сметаме дека е добро да се земат примери од европските држави и светот во однос на ваквиот пристап бидејќи ова не е ништо ново, туку нешто што кај нас може со сигурност да ја смени погрешната слика за овие категории на луѓе, а притоа да ни донесе само позитивна придобивка и заеднички пристап кон решавање на прашања и проблеми со кои се соочуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска