ВМРО-НП: СЈО може да се спаси само ако Собранието донесе амандмани како составен дел од Уставот

Од:

ВМРО-Народна партија уште од самиот почеток ја подржа идејата за формирање и функционирање на Специјалното Јавно Обвинителство. Меѓутоа, заради избрзаниот и недоволно подготвен Закон за специјално јавно обвинителство кој беше донесен од Собранието на РМ и неусогласеноста на истиот со Уставот на Р.Македонија, се создаде невидена конфузија и забуна во одредени стручни кругови од областа на правото. Во зависност од политичката определба, опозициска или позициска, толкувањата за уставноста на законот, се различни. Спротиставеноста на мислењата одат дотаму, што човек ќе помисли дека се работи за две држави, со сосема различни уставно правни поредоци, а не за Р.Македонија.

ВМРО-Народна партија заради горе наведеното, ги смета за неоправдани, непринципиелни и недолични ултимативните притисоци од одредени кругови врз Уставниот суд на РМ, за изјаснување за уставноста на постоењето на СЈО.

ВМРО-Народна партија за надминување на овој проблем предлага, Собранието на РМ да донесе амандмани што ќе станат составен дел на Уставот на РМ, со кои ќе се потврди уставноста на Специјалното Јавно Обвинителство и други пропратни институции. Без ова интервенција, сите правни дејствија ќе бидат прогласени за неуставни, затоа што во Уставот на Р.Македонија јасно стои дека Јавното обвинителство и судовите се единствени и со закон е забрането формирање на други.

ВМРО-Народна партија бара сите политички партии во Собранието на Р.Македонија едногласно да ја подржат оваа уставна иницијатива, како во случајот при донесувањето на Законот за СЈО.

Напоменуваме дека ваква пракса се применувала и во други држави и се покажала како многу успешна, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата

Уставен суд: Не е релевантно какви имиња носат улиците, училиштата или другите објекти, важно е дали одлуките се донесени во законска постапка

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски