ВМРО-НП: Се спротивставуваме на идејата за промени во Законот за надворешни работи, МНР ќе почне да наликува на секта

Од:

ВМРО-Народна партија преку писмено соопштение информира дека се спротивставува на идејата за промени во Законот за Надворешни работи со кој законски ќе се бара 80% од амбасадорите да бидат вработени во Министерството за Надворешни работи или т.н. дипломати од кариера.

„ВМРО-Народна партија смета дека на тој начин се оневозможува достап до овие значајни места за видни и докажани личности од многу области: писатели, уметници, новинари, доктори, бивши министри, па дури и академици.

Наспроти тоа ќе бидат фаворизирани само вработените во МНР кои пак ќе ни бидат претставени како експерти, а најголем дел од нив знаеме дека се вработени под чисто партиски клуч.
Впрочем не постои ниту една анализа од која можеме да видиме дека т.н. експерти имаат поуспешни резултати од амбасадорите кои се дојдени од други сфери.

ВМРО-Народна партија стравува дека на овој начин МНР ќе почне да наликува на една секта, недопирлива и затворена за надворешниот свет.

Затоа, ВМРО-Народна партија смета дека овие измени на Законот за Надворешни работи не треба да бидат прифатени“, велат од ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска