ВМРО-НП: Само една изборна единица вистински ќе ја забетонира демократизацијата и плурализмот во Македонија

Од:

ВМРО-Народна партија преку писмено соопштение реагира во однос на како што велат, непринципиелноста на коалицијата помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ особено кога и двете партии настапуваат контра – демократизацијата на Македонија.

„Имено, не не изненадува постапката на старо-новите партнери па илјадниците амандмани на контото на предлог-законот за измени во изборниот законик го покажува нивниот страв но и „демократскиот“ порив на политичките партии кои самите милуваат да се препознаваат како “демократски“.

ВМРО-Народна партија останува принципиелно на својот повеќегодишен став дека само една изборна единица вистински ќе ја забетонира демократизацијата и плурализмот во Македонија односно ќе отвори широко поле за фер натпревар помеѓу сите партиско-политички чинители во државата.

Секое кочење на ваквиот процес претставува грубо кршење на демократските принципи односно го ограничува изборот на нацијата, а со тоа се урнисува и принципот на фер избор со еднаков пристап кон сите партиско-политички чинители“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска