ВМРО-НП: Проектот „Стоп за српската асимилација“ е прекинат на најгруб начин

Од:

„ВМРО-Народна партија сака да ја информира македонската јавност, дека делот од проектот за одбрана на македонскиот идентитет, кој се одвиваше преку билборди, со порака „СТОП за српската асимилација на македонската нација“ е незаконски, самоволно и на најгруб начин прекинат со тоа што постерите насилно и без наша согласност беа отстранети.

ВМРО-Народна партија е загрижена од однесувањето на власта, која немајќи аргументи и докази за постоење на национална дискриминација содржани во пораката на билбордите но и  без да не извести како нарачатели на оваа кампања, еднострано ја запре во обид  да ги спречи позитивните реакции на граѓаните на Р.Македонија. Од друга страна, ова зборува дека нашите пораки се правилно сватени од граѓаните, и со тоа е постигната крајната цел на кампањата за освестување дека опасноста за опстанокот на македонскиот јазик, македонската песна, културата и се она што го обележува идентитетот на македонскиот народ, е сосема реална. Од ова, кристално јасно се гледа дека овој наш проект има благородна мисија за одбрана и сочувување на нашиот идентитет, и со тоа паѓаат во вода сите лажни обвинувања за наводно дискриминирање на нечиј ентитет“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

„ВМРО-Народна партија ги потсетува и сите, што се обидуваат да ја искриват вистината, но и пораката да ја насочат на погрешна адреса, или се дел од проектот за асимилација или се веќе целосно и неповратно асимилирани.

ВМРО-Народна партија и покрај ваквата манифестација на сила од страна на власта нема да се обесхрабри туку напротив ќе продолжи со уште поголема енергија, ентузијазам и креативност во осмислување и спроведување на нови проекти за будење на македонската национална свест во одбрана на македонскиот јазик, песна, култура и целото културно уметничко творештво што недвосмислено  значи зачувување на сопствениот идентитет“, велат од ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска