ВМРО-НП: Од што се плаши Никола Груевски?

Од:

ВМРО-НП прашува зошто нема ТВ дебати и од што се плаши Груевски.

„Деновиве сме сведоци како ДПМНЕ се обидува да ги омаловажи и дискредитира лидерите на опозицијата преку емитување на архивски снимки од политичките дебати на тогашните политички опоненти. Ценејќи дека ќе си припишат уште некој процент рејтинг на своето конто тие всушност си постигнуваат контраефект.Спотот со кој што ДПМНЕ манипулира и шири омраза е снимен во демократските времиња, кога освен многу други демократски придобивки имаше и ТВ-дуели.Крајно лицемерно  е некој да злоупотребува извадоци од тв-дуели, а тој самиот никогаш да не се појавил на ниту еден ТВ-дуел“, стои во соопштението на ВМРО-НП.

„Почитувани, квази-демократи од  ДПМНЕ  граѓаните основано се прашуваат:Каде се сега дебатите? Се прашуваат кога Груевски се сретнал со своите политички противници во дебатна емисија да ги спротивстави или одбрани своите ставови?Колку пати досега беше повикан на ТВ-дуели и колку пати се сокри?Од што се плаши Никола Груевски? Дали од тоа дека ќе биде аргументирано и вербално уништен од опозицијата и култот кој за него го градеа неговите т.н. новинари сиве овие години засекогаш ќе биде срушен?Зошто се крие зад своите медиумски јатаци кои ревносно ја спроведуваат неговата пропаганда?За жал по макотрпно пребарување не најдовме ниту еден дуел со Груевски, и го прашуваме што го ограничуваше и во демократските времиња да излезе на дуел како Министер за финансии“, прашува ВМРО-НП

Што би се случило со изборните резултати во САД доколку еден од сегашните кандидати за претседатели ги избегне ТВ-дуелите, шрашува партијата на Георгиевски

„Ние од ВМРО-НП се гордееме со фактот дека активно партиципиравме во зачетокот на демократијата во Р.Македонија, и истата макотрпно ја градевме па затоа ве уверуваме дека ќе направиме се граѓаните на Р.Македонија повторно да ги уживаат сите придобивки на демократијата, а вас и сличните на вас подготвени сме да ви обезбедиме  авио карти во еден правец за Минск и Пјонгјанг со цел да бидете поблизу и изворно да ги чувствувате бенефитите од владеењето на вашите политички идоли и гуруа“, стои во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска