ВМРО-НП: Незаконски е изведена тендерската постапка за изградба на Факултет за инфораматика и за физичка култура при УКИМ

Од:

„ВМРО-Народна партија реагира за крајно нетранспарентна и незаконски спроведена тендерска постапка при избор на изведувач за изградба на објекти во кои ќе бидат сместени Факултетот за информатика и Факултетот за физичка култура при УКИМ, за тендер распишан од Министерството за образование.

Според информациите со кои располагаме, фирмата што понудила најдобри услови и најниска цена, незаконски била предвреме елиминирана со образложение кое целосно е спротивно со одредбите од Законот за јавни набавки. Сето ова е направено со цел, да се спречи учеството на лицитацијата и заради најповолно понудени услови да не го попречи изборот на однапред утврдениот победник на тендерот.

ВМРО-Народна партија укажува дека се пробиени сите законски рокови за обврската на спроведувачот на тендерот да ги извести пред се понудувачите и јавноста, која фирма е избрана за изведувач, под кои услови и што е најважно по која цена ќе се градат објектите. Изградбата на факултети претставува општ јавен интерес на граѓаните на Р.Македонија и тие имаат право да знаат кој, како и во колкава мера ги троши нивните пари.

ВМРО-Народна партија е зачудена што ваквата нетранспарентна пракса при спроведувањето на тендерските постапки продолжува од страна на владеачката структура, кога се знае дека во изминатиов период реакциите од јавноста и од меѓународната заедница беа жестоко критички насочени токму за нетранспарентно спроведување на тендерите. Исто така, беше посочено дека пристрасното одлучување е жариште кое отвара простор за понатамошни коруптивни дејствија, со кое се загрозува правниот систем во државата“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска