ВМРО-НП: Непобитен факт е дека и двете политички партии на своите митинзи, немаа повеќе од 15% од вкупниот број на нивни гласачи

Од:

„ВМРО-Народна партија ја искажува својата разочараност од двете најголеми политички партии во македонскиот блок,  за тоа како ја прикажуваат посетеноста на нивните митинзи. Бидејќи и двете партии искажуваат огромно задоволство од бројот на нивните членови кои учествуваа на митинзите и заради тоа секоја засебе си зеде за право да прибави легитимност на своите ставови, сакаме да ги потсетиме:

Изминативе години ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во континуитет имаат бројно членство и стабилно гласачко тело, така што во секое време можат да ги постигнат овие бројки. Непобитен факт е дека и двете политички партии на своите митинзи, немаа повеќе од 15% од вкупниот број на нивни гласачи. Сметаме дека тоа и не е големо достигнување и прашуваме, дали отсуството на најголемиот број на нивни гласачи, значи и несогласување со нивните политики и начинот што го одбрале за разрешување на политичката криза.

Ако на ова го додадеме и целосното отсуство на неопределени граѓани на митинзите, повеќе од јасно е дека граѓаните не го одобруваат ваквиот начин на надминување на кризата.

И по одржувањето на двата митинзи, кризата остана и продолжува да се разгорува. Напротив, нема никаков позитивен исчекор. Напразно и двете партии ги убедуваа своите членови за конечна разрешница со сопствен триумф и капитулација на политичкиот противник.

ВМРО-Народна партија од секогаш силно го подржувала политичкиот дијалог за кој нема алтернатива, како начин за разрешување на секој проблем и заради тоа, ги упатува двете политички партии оваа тешка политичка криза да ја разрешат по институционален и политички пат, со помош на меѓународната заедница. Постигнатиот договор на ваков начин, ќе биде гаранција и за остварување на нашите евроатлантски аспирации“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска